Одржувањето на трката за ГН на Виетнам во Формула 1 не е доведена во опасност без обѕир на епидемијата од корона вирусот и можноста од ширење во останатите азиски држави.
На помалку од два месеца до почетокот на трката, директорот Ли Чи, потврди дека трката ќе се вози според тоа како што е планирана во календарот на најбрзиот циркус на денешницата.
-Трката ќе биде одржана на 5 април, како и што е планирано, изјави Чи.
Мината недела постоеше загриженост, бидејќи виетнамската влада беше принудена да изолира група од 10.000 граѓани на место оддалечено само 40 километри од патеката каде што треба да се вози трката. Меѓутоа ситуацијата многу брзо се смири.
Ова воедно ќе биде прва трка што ќе се одржи во оваа азиска земја. Работата на трибините се уште е во тек, а пред доаѓањето на навивачите ќе бидат преземени посебни мерки.
-Трката нема да биде одложена. Ова случување ќе има големо внимание за земјата и нејзиниот туризам, изјави Тран Трунг Хиу, заменик-министер за туризам.
Трката за ГН на Кина претходно беше одложена, а кандидат за замена е Имола, каде што долги години се возеше трката за ГН на Сан Марино.