Три нови лица заразени со коронавирусот, според денешните податоци од Министерството за здравство за коронавирусот во Кичево, со што вкупниот број на заразени со ковид-19 во оваа општина достигна на 239 лице, од кои 127 се активни, 102 се излекувани и 10 лица се починати.
-Денеска кај нас имаме тројца новозаболени лица од коронавирусот кои се лекуваат во домашни услови под надзор на нивните матични лекари и се разбира дека со во изолација, информира градоначалникот Фатмир Дехари, кој е и претседател на Општинскиот Кризен штаб во Кичево .
Тој упатува апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.