Детски џагор, смеа и игра е сликата којашто деновиве ја има во трите нови детски паркови, лоцирани во близина на ОУ „Климент Охридски“, во населбата „Карпош“ и во Долно Оризари.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски ги посети новите паркчиња и се сретна со локалното население.
Од Општина Битола соопштија дека жителите на населбите изразиле задоволство од новите катчиња за најмладите, кои освен новите реквизити, располагаат и со урбана опрема, а пред се обезбедуваат сигурност за децата во регулиран заграден простор.
Проектот во вредност од 4.600.000 денари, средства од Бирото за рамномерен развој, се реализираше во партнерство со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион