Три нови мерни сензори за загаден воздух во Скопје и Битола

191

На плоштадот “Македонија” и во населбата Железара во Скопје, како и на Широк Сокак во Битола се поставени три нови мерни сензори кои мерат параметри на загаден воздух. Апликациите отсега можат да се видат преку апликацијата МојВоздух.

– По поставувањето на три нови сензори во Скопје и во Битола, тие се сега достапни за преглед преку МојВоздух. Airly е трет независен извор на податоци кој што е достапен во МојВоздух, покрај мерните станици од Pulse.eco проектот – стои во објавата на МојВоздух на фејсбук.