Ако ве интересира долговечноста, сигурно сте слушнале за сините зони, деловите од светот со најголема концентрација на стогодишници. Меѓу сините зони е и Окинава во Јапонија, место каде жените живеат подолго од жените од сите други области на светот.

„Во Окинава има помалку рак, срцеви заболувања и деменција“, тврди истражувачот за долговечност Ден Бутнер.

Жителите на тој остров што им пркосат на годините го привлекоа вниманието на Хектор Гарсија и Франческо Миралес. Двајцата интервјуираа повеќе од стотина најстари луѓе во Окинава и во нивната книга Икигаи: Јапонската тајна за долг и среќен живот објавија неколку принципи и техники до кои се придржуваат јапонските стогодишници. Меѓу нив се три секојдневни практики за долг и среќен живот.

Вклучете се во активност со низок интензитет најмалку пет минути на ден
Речиси секој човек со кој разговарале Гарсија и Мирале рекле дека редовно практикуваат радио таисо. Вежбите го добија тоа име, што во превод значи радио вежби, бидејќи се емитуваа на радио уште во 1929 година. Тие се емитуваат и денес, секој ден, точно во 6:30 часот, на една од најстарите јапонски радио станици наречена NHK Radio 1 .

„Дури и жителите на домот за стари лица што го посетивме му беа посветени по пет минути дневно, иако некои ги изведуваа вежбите во инвалидски колички“, напишале авторите во својата книга.

Една од главните цели на радио таисо е да промовира единство меѓу учесниците. Според веб-страницата за фитнес, вежбите вклучуваат движења кои ги будат умот и мускулите, а може да ги изведе речиси секој. Една од најпознатите радио таисо вежби се состои од кревање на рацете над главата и нивно спуштање во кружни движења.

Најдете цел

Постои една јапонска поговорка која вели: „Само ако останете активни ќе сакате да живеете сто години“. Жителите на Окинава го постигнуваат ова со пронаоѓање на нивните икигаи, или цел, што ги поттикнува да се фокусираат на подлабокото значење на животот.

Бидете присутни и повремено заборавете на вашите грижи

„Не постои рецепт за наоѓање среќа, но клучот е да бидете присутни, да го подобрите фокусот и привремено да заборавите на вашите грижи“, заклучуваат Гарсија и Миралес во својата книга.