Тричасовен спектакл од концерт на македонската поп-дива Калиопи – согорување до последна нота и воздишка/ФОТОГАЛЕРИЈА

911
Фото:П.Стојановски

Како и што најави, македонската поп ѕвезда Калиопи вчерва одржа јубилеен спектакл во салата „Борис Трајковски“ со којшто одбележува 40 години на сцената.

Нејзиниот концерт во Скопје доаѓа по речиси седум години, а како гости настапија  Слаткаристика, Жељко Самарџиќ и Ромео Грил.

На тричасовен спектакл публиката уживаше целата своја енергија што ѝ ја подари Калиопи, која секогаш ужива во взаемниот флуид, а кој не недостигаше ни вечерва.

Во арената полна емоции немаше простор за одвишна воздишка, освен за љубов и одушевување.

Фото: П.Стојановски