Трикратна светска шампионка се самоуби, истото се обиде да го направи и пред два месеци 

56

Американската велосипедистка Кели Каталин, изврши самоубиство на 24. години, а се обидела да си го одземе животот и два месеци претходно. Нејзиниот тренер Чарли Товсенд,  изјави дека Кели оваа зима имала потрес на мозокот. Морала да престане да тренира и дека тешко го поднела тоа. Згора на се морала да се откаже од сите професионлани обврски. Пред месец дена објавила текст за едно американско списание во кое пишувала за проблемите од ускладување на обврските на факултет со термините за тренинг кога се работи за врвни спортисти.

  • Последните неколку месеци беше во многу лоша состојба. Не можеше да тренира како претходно и имаше страшни главоболки и беше осетлива на светло. Се обиде да се убие во јануари, а на семејството и на нас ни остави долга порака. Напиша дека целов време има негативни мисли и целосно се повлече во себе, стана марчана. Штом ја добивме пораката веднаш викнавма полиција и тие во последен момент ја спречија да си го одземе животот, изјави Товсенд.

Кејтлин беше трикратна светска шампионка во екипните спортови во сала на средни патеки. На Олимписките игри во Рио во 2016 година освои сребрен медал. Се занимаваше и со велосипедизам на улични патеки, беше талентирана виолинистка и студираше математика и информатика на универзитето Стенфорд, каде и си го одзеде животот.

Со велосипедизам почна да се занимава поради својата сестра Колин, а на 17 години веќе беше во репрезентацијата на САД.

Беше неверојатна спортискта и пример на многу млади американски велосипедисти. Дисциплинирана, интелигентна и гладна за успех. Секогаш имаше време за младите споритсти, ги ограбруваше и им помагаше , заврши тренерот Товсенд.