Во организација на Институтот за македонска литература денес, 12 ноември, во 12 часот ќе се одржи трибината „Книжевни дијалози“.
Дијалозите ќе се водат за двете книжевни изданија на Институтот „Уметноста на дијалогот“ од Ана Јовковска и „Книжевноста низ критичка визура“ од Ана Мартиноска, коишто отвораат повеќе прашања за литературата денес, за спрегата на критиката и уметноста, за ангажираното писмо и за други книжевни теми и дилеми.
Покрај двете авторки, говорници се Гоце Смилевски, Владимир Мартиновски, Александар Прокопиев, Фросина Пармаковска, Петар Андоновски.
Трибината „Книжевни дијалози“ ќе се одржи во просториите на Институтот.