Трефилов успешно опериран

52

Рускиот ракометен стручњак и селектор на женската репрезентација на оваа земја Евгениј Трефилов, успешно е опериран на клиниката за градна хирургија во Краснодар.  Селекторот на европскиот вицешампион се наоѓа на интензивна нега и наскоро ќе започне периодот на рехабилитација.

  • Загрижени сме и се молиме за него. Испраќаме само позитивна енергија за заздравување на Трефилов, изјавија од руската ракометна федерација.

Трефилов (63) верува дека ги реши срцевите проблеми, заради кои беше подложен на оперативен зафат. Неговото враќање на тренерскиот занает е неизвесно и федерацијата и клубот наскоро ќе преземат чекори со кои ќе одреди негова замена.