Тренерското столче за Џампаоло

112

Марко Џампаоло и официјално е именуван за нов предводник на италијанскиот калчо гигант Милан. Откако ја прекина соработката со тимот на Сампдорија, 51-годишниот стручњак експресно се договори со новиот технички директор на „росонерите“, легендарниот Паоло Малдини и со новиот секретар, Звонимир Бобан.

Италијанскиот стручњак потпиша 2-годишен договор кој му гарантира заработувачка од 2 мил. евра, а во договорот има и опција соработката да биде продолжена за уште една сезона.