Близок извор до таборот на италијанскиот калчолигаш Рома откри дека новите сопстеници се сериозно заинтересирани за услугите на трофејниот италијански стручњак, Масимилијано Алегри. Поранешниот предводник на Калјари, Милан и Јувентус се уште е без ангажман, но на неколку пати има изјавено дека сака да се врати во тренерските води што е можно побрзо. Истиот избор тврди дека актуелниот тренер Пауло Фонсека ќе добие отказ доколку Рома не забележи три победи на следните три натпревари.