Со огласувањето на сирената за тревога, десет минути по шест часот утринава почна сложената акција на преместување и неутрализирање на преостанатата противбродска мина од Втората светска војна од пристаништето Риека, пренесуваат хрватските медиуми.
Полициската управа Приморје-Горски Котар утрово објави видео снимка од противбродската мина кај пристаништето во Риека, поради чие отстранување градот денеска е речиси парализиран.
Извршена е евакуација заради безбедност и заштита на човечки животи.
Во саботата околу 500 жители беа евакуирани од зградите во зоната на непосредна потенцијална опасност во случај на активирање на мината.
Се помина без проблеми, повеќето сами организираа привремено сместување, а помал дел беа сместени во Младинската сала во Трсат, каде беа распоредени кревети.
Во тек се активностите за преместување на мината и подготовките за нејзино влечење до локацијата каде што ќе биде неутрализирана, акцијата ја вршат нуркачи на специјалната полиција на МУП.
По завршувањето на оваа фаза, мината ќе биде префрлена на локацијата за неутрализација. Акцијата засега се одвива според планот, соопшти полицијата.