Тревога во Тајван: Над 30 кинески борбени авиони и бомбардери прелетувале во близина

150

Министерството за одбрана на Тајван објави дека 36 кинески борбени авиони и бомбардери полетале во близина на Тајван.

Во саботата десет авиони ја прелетаа централната линија во Тајванскиот теснец што го дели островот од копното, објави тајванското Министерство.

Меѓу нив имало шест авиони „Шенгјанг Ј-11“ и четири авиони „Ј-16“, пренесуваат медиумите. Тајванското министерство додаде дека во истиот ден армијата забележала четири ловци Џенгду Ј-10, противподморнички борбен авион, три бомбардери југозападно од островот, како и три кинески беспилотни летала.