Капитенот на Велс, Герет Бејл го искоментира поразот (0:3) од Англија со кој Велшаните кажаа збогум на СП 2022.
- Беше тежок натпревар против многу добар тим. Разочарани сме од резултатот, но мора да разбереме дека изминавме долг пат за да го постигнеме ова. Треба да бидеме горди на себе што сме тука. Дадовме се, и сите ќе излеземе од соблекувалната со кренати глави и горди на постигнатото. Многу сме разочарани бидејќи би сакале да играме подобро, но реалноста е дека фудбалот е тежок. Мораме да научиме од ова искуство и да гледаме напред, изјави Бејл.