„Тргни го прстот од моето лице“: Жестока кавга меѓу принцот Вилијам и Меган Маркл поради Кејт – после ова, сѐ отиде по ѓаволите

5018

Британскиот принц Вилијам и Меган Маркл се конфронтираа поради Кејт Мидлтон, а војвотката потоа му рекла на принцот „да го тргне прстот од нејзиното лице“, се вели во новата биографија на „Кетрин, принцезата од Велс“.

Инцидентот се случи откако војвотката од Сасекс навести дека Кејт ги заборавила деталите за свадбата на Меган и принцот Хари бидејќи била во постпородилен период.

За време на разговорот по свадбата, кој имаше за цел да ги поправи односите на двете двојки, Кејт наводно и рекла на Меган дека не се доволно блиски за војвотката да зборува за нејзините хормони.

Принцот Вилијам наводно се надоврзал опишувајќи ја Меган како непристојна.

Според авторот Роб Џобсон, Меган станала и му рекла на Вилијам „да го тргне прстот од нејзиното лице“, а по оваа расправија односите меѓу двата кралски двојки дополнително се влошиле.

– Работите дефинитивно се оладија меѓу нив, ако не се и сосем скршени – додаде тој.

Меган и Хари го напуштија кралското семејство во 2020 година и моментално живеат во Калифорнија, додека принцезата од Велс се лекува од непознат облик на рак, пишува Independent.

Оваа вест дојде во јавноста набргу по информацијата дека фотографијата на Меган Маркл не се најде на изложбата „Royal Portraits: A Century of Photography“.

Да потсетиме дека во последниот скандал што ја потресе британската монархија, кралската галерија стана центар на контроверзии откако беше откриено дека недостасува фотографија од Меган Маркл.