Ирмгард Фурнер, за која обвинителите велат дека работела како секретарка во логорот од 1943 до 1945 година, во четвртокот наутро ја напуштила својата куќа со такси и отишла до метро-станица, изјави портпаролката на Окружниот суд. Нејзината моментна локација е непозната.
Судењето против 96-годишнa Германка, поранешна секретарка на командантот на нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф, денеска, е одложено поради бегство на обвинетата.
Таа се товари за повеќе од 11.000 точки за соучество во убиство. Германските медиуми ја идентификуваа обвинетата како Ирмгард Фурнер.
Окружниот суд во Германија издаде налог за апсење на 96-годишната жена на која ѝ претстоеше судење под обвинение за соучество во убиство во логор на смртта за време на Втората светска војна, соопштија судските службеници.
Ирмгард Фурнер, за која обвинителите велат дека работела како секретарка во логорот од 1943 до 1945 година, во четвртокот наутро ја напуштила својата куќа со такси и отишла до метро-станица, изјави портпаролката на Окружниот суд. Нејзината моментна локација е непозната.
Државниот суд во северниот германски град Ицехо во соопштение посочил дека осомничената наводно им помагала и ги поддржувала одговорните во логорот во систематското убиство на приведените, од јуни 1943 до април 1945 година, како стенограф и дактилограф во канцеларијата на командантот на логорот.
На обвинетата ќе ѝ се суди пред малолетнички суд бидејќи во времето на наводните злосторства била помлада од 21 година.
Случајот се потпира на германскиот правен преседан воспоставен во случаи во текот на изминатата деценија дека секој што помогнал во функционирањето на нацистичките логори на смртта, може да биде гонет за помагање на извршените убиства, дури и без докази за учество во одредено кривично дело.
Во посебен случај, на 100-годишен старец ќе му се суди следната недела во Бранденбург за наводно служење како нацистички СС чувар во концентрационен логор во близина на Берлин за време на Втората светска војна.