Долгогодишниот директор на Управата за јавни приходи, а до вчера и прв човек на Дирекцијата за заштита на лични податоци, по поднесената оставка оди во банкарскиот сектор.
Тој ќе седне во Управниот одбор на Еуростандард банка, на познатиот бизнисмен Трифун Костовски. Оваа информација, која вчера ја објави Вечер, денеска ја потврди Еуростандард банка АД Скопје.
– Зоран Николовски, долгогодишен член на Управниот одбор на банката, поради приватни причини се повлекува од функцијата Член на Управниот одбор. Својата експертиза г-динот Николовски ќе продолжи да ја споделува како советник на Управниот одбор на Еуростандард банка.По препорака на Надзорниот одбор на банката, за нов член на УО е предложен г-дин Горан Трајковски.
Процедурата за именување на г-дин Трајковски како член на УО на Еуростандард банка е во тек, велат од Еуростандард банка и додаваат дека досегашниот прв човек на банката Николче Петкоски останува на функцијата Претседател на Управниот одбор.