Ситуацијата на теренот во Газа е „очајна“, од уништување на инфраструктурата до луѓето кои ги напуштаат своите домови, изјави портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер, кој ја посети енклавата.
„Само да се погледнат станбените блокови, уништени урнатини на земја, бетон, разнесени автомобили… без разлика дали тоа е само изразот на лицата на луѓето, само траумата… тоа е како тагата и очајот да се вкорениле овде во Газа. “, рече тој во видеото објавено на веб-страницата на агенцијата.
„Тоа е воена зона… Имате стотици илјади деца кои не одат на училиште, кои се во преполни кампови, на кои им е студено, немаат доволно храна, немаат доволно вода, кои се сега се изложени на ризик од појава на болести“, додаде Елдер.
Речиси 15.000 луѓе беа убиени во Појасот Газа, вклучително и повеќе од 6.000 деца.