Трансродова жена за прв пат избрана за Мис на Португалија, со уште една трансродова кандидатка во трка за титулата Мис Универзум/ВИДЕО

501

Трансродова жена за прв пат ја освои титулата Мис на Португалија и ќе се натпреварува со уште една трансродова жена, Мис на Холандија, за титулата Мис Универзум во Салвадор, објавија португалските медиуми.

Мис Португалија е Марина Машете (Мачете), 28-годишна стјуардеса, која е и првата трансродова жена што се пријавила на тој натпревар за убавина.

Горда сум што сум првата транс жена која се натпреварува за титулата Мис на Португалија“, напиша таа на социјалните мрежи пред да победи на изборот за убавина.

Во јули, Холанѓанката Рики Коле стана првата трансродова жена која ја освои титулата Мис на Холандија.

Марина Машете и Рики Коле ќе ја наследат Шпанката Анџела Понсе, која во 2018 година стана првата трансродова кандидатка за титулата Мис Универзум.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ms Portugal ® (@missportugaloficial)