Кандидатот за претседател на САД од редот на републиканците, Доналд Трамп, на Твитер напиша дека „се обидуваат да ни ги укадат изборите“.

„Ние сме во голема предност. Се обидуваат да ги украдат изборите, тоа никогаш нема да им го дозволиме. Гласовите не можат да се додаваат откакоќе се затворат гласачките места“, пишува Трамп на Твитер.

Овој твит е означен како сомнителен оти претставува „кршење на упатствата за избори“.

Трамп објавии твит во кој вели дека набргу ќе се обрати на јавноста.