Трамп пржеше и служеше помфрит во Мекдоналдс за да ја исмеe Камала Харис/ВИДЕО

261

Харис и Трамп, врзани во најконкурентните држави, ги интензивираа своите напади едни на други во последните денови додека се обидуваат да соберат поддршка преку предвремено гласање преку пошта или лично.

Трамп, по ескалацијата на личните напади врз Харис во саботата, изјави за Breitbart News дека ќе работи во недела во ресторан на Мекдоналдс во Пенсилванија „само за забава“ за да ја исмева Харис.

Вработен му покажал на Трамп како се потопуваат корпите со помфрит во масло, па поранешниот американски претседател тоа го направил сам, а после тоа спакувал храна за носење, пишува АП.

„Всушност, потребна е голема експертиза за да се направи тоа правилно и брзо“, рече Трамп со насмевка.

Трамп го прави тоа и како начин да ја исмева и критикува Камала Харис, која за време на кампањата тврдеше дека работела во Мекдоналдс за време на студиите.