Трамп пак се закани со вонредна состојба

130

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека ќе прогласи вонредна состојба за да обезбеди финансиски средства за ѕидот на границата на САД и Мексико, без одобрување на Конгресот.

– Имам апсолутно право да прогласам вонредна состојба, истакна Трамп.

Тој вчера ја посети патролната станица на границата во Макалена во Тексас, при што посочи дека доколку Конгресот не одобри финансиски средства за изградба на ѕидот „најверојатно, речиси би кажал дефинитивно“ би прогласил вонредна состојба.

Трамп одбива да го потпише законот за финансирање и повторно отворање на Владата доколку тоа не вклучува 5,7 милијарди долари за поставување физички бариери долж границата помеѓу САД и Мексико.

Делумната блокада на работата на Владата трае веќе 21 ден поради што околу 80.000 федерални слижбеници не примаат плат