Трамп најави можност за испраќање војници во Венецуела, Каракас осудува

73

Официјален Каракас ја осуди изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста за испраќање војници во Венецуела, изјави венецуелската потпретседателка Делси Родригес.

– Не прифаќаме вакви изјави на американскиот претседател. Зад нив стои скриен мотив, а тоа е желбата да ги зграбат богатите ресурси на Венецуела, рекла Родригес во изјава за руски новинари.

Таа изрази увереност дека Владата на нејзината земја е во состојба да ја реши политичката криза без мешање од страна, со мирни средства и во согласност со Уставот.

– Суверенитетот не е предмет на расправа, суверенитетот е она што мора да се брани, порача Родригес.

Трамп претходно рече дека постои можност за испраќање војници во Венецуела и оти го одбил барањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро за состанок.

– Тоа секако е опција, рече Трамп во интервју за Си-Би-Ес, говорејќи за испраќање војска во Венецуела.