Претседателот Доналд Трамп, кој во Белата куќа ќе биде уште два месеца, минатата недела ја разгледувал опцијата да го нападне Иран, односно главниот ирански нуклеарен погон, но на крајот се откажал од овој драматичен чекор кој би имал несогледливи последици, рекоа денес американски функционери.
Трамп се распршувал за опциите на состнок во Овалната сала, во четвртокот, во присуство на неговите главни советници за национална безбедност, вклучително и потпретседателот Мајк Пенс, државниот секретар Мајк Помпео, новиот министер за одбрана Кристофер Милер и генералот Марк Мили.
Советниците успеале да го убедат Трамп дека еден таков чекор може да има глобални последици. Четири години од својот мандат Трамп водеше агресивна политика кон Иран, повлекувајќи се од нуклеарниот договор во 2018 година.
Трамп, кој одби да го признае поразот на претседателските избори, власта треба да му ја предаде на Џо Бајден на 20 јануари.