Трамп има намера да продолжи да зборува на собири на отворено

67

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека има намера да продолжи да зборува на собири на отворено, и покрај безбедносните пропусти што доведоа до обидот за негов атентат на 13 јули на митинг во американската сојузна држава Пенсилванија.

Трамп на својата платформа Truth Social напиша дека американската тајна служба, која е одговорна за заштита на претседателот, кандидатите за избори и други високи функционери, „значително ги засилила своите операции“ по 13 јули.

„Тие се многу способни за тоа. Никому не треба да му се дозволи да ја запре или да се меша во слободата на говор или собирање“, рече Трамп.