Доналд Трамп, републиканскиот претседателски кандидат во ноември годинава во САД, рече дека е навреден од изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за поддршка на демократската кандидатка Камала Харис.
Како што јави Тасс, рускиот лидер оваа недела иронично изјави дека откако американскиот претседател Џозеф Бајден се „повлекол“ од претседателската трка, Москва ја поддржала Камала Харис.
Путин додаде дека изборот е на американскиот народ.
„Го познавам Путин. Го познавам многу добро. Знаете, тој ја поддржа, не знам дали го слушнавте, ја поддржа Камала. Ја поддржа Камала! Тоа многу ме навреди. Се прашувам зошто ја поддржуваше Камала. Сега тој стана шахист“, рече Трамп на митингот во Висконсин, додавајќи дека можеби тоа било кажано на шега.
Трамп претходно ги опиша Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган како шахисти од светска класа.