Изборниот штаб на Доналд Трамп во неделата објави дека поранешниот претседател е „безбеден по пукањето во негова близина“.
„Претседателот Трамп е безбеден по пукањето во негова близина. Засега нема повеќе детали“, изјави портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг во изјавата, без да даде дополнителни детали, пренесува Си-Ен-Ен.
Поранешниот претседател и кандидат на ноемвриските избори играше голф во Интернационалниот голф клуб на Трамп во Вест Палм Бич, Флорида.
Клубот веднаш бил обезбеден, пренесува неименуваниот извор на Си-Ен-Ен.
Тајната служба на социјалната мрежа Икс објави дека „соработува со канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич за да го истражи инцидентот во кој е вмешан Трамп“.
Тајната служба навела дека инцидентот се случил нешто пред 14 часот по локално време.