Трамп го исфрли својот советник од канцеларија зошто му кашлаше среде интервју/видео
За време на интервјуто на американскиот претседател Доналд Трамп за ТВ мрежата ABC news, шефот на администрацијата на Белата куќа Мик Молвени толку кашлал што Трамп го исфрлил од Овалната соба. Во моментот кога говорел за финансиските извештаи, Трамп видно се изнервирал бидејќи Молвени стоел зад камерите и постојано кашлал. „Тој кашла среде мојот одговор. Не ми се допаѓа тоа, знаеш, не ми се допаѓа“, рекол Трамп.