Еден од големите христијански празници Богојавление во Русија традиционално се одбележува со капење во ледена вода, често во отвори во мразот на реките и езерата.
Овогодинешното капење се организира со почитување на социјална дистанца поради епидемијата на корона вирусот, а според проценките на Министерството за вонредни состојби, учество ќе земат околу еден и пол милион верници низ државата.
Вечерта пред Богојавление во сите православни храмови во Русија уште од античко време се врши големо свечено осветување на водата. По богослужбата, свештениците го вршат истиот обред на блиските реки и езера.
Капењето во света вода се практикува уште од времето кога Исус Христос се крстил во реката Јордан. Во знак на почит кон овој празник беше воспоставен строг пост. Пред обредот на осветување на водата, воопшто не се јаде, а по пиењето на Богојавленската вода верниците јадат „леќа“ или на руски „кутја“.
Капењето во ледена вода во пресрет на Богојавление е еден од најпопуларните верски обреди кај Русите. Бидејќи температурата во Русија во јануари е многу ниска, познат е терминот „Богојавленски мразови“, а во тоа време сите реки и езера се покриени со дебел слој мраз.