Паричката од бадниковото лепче во семејството на премиерот Зоран Заев се паднала во делот за работа и работните ангажмани.
Покрај премиерот Заев, дел од министрите во Владата покрај честитки за Божикните празници на социјалните мрежи споделија и фотографии со информации кај кого од нивното семејство се паднала паричката.
Така министерката за правда, Рената Дескоска објави дека после подолго време и се посреќило, па паричката од бадниковото лепче и се паднала токму нејзе. Со истото се пофали и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.
Лепче со паричка се делело и во домот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и кај нив најсреќна била помалата ќерка Анастасија. Кај министерот за здравство Венко Филипче, по делбата на бадниковото лепче, паричката ја добила неговата сопруга Ана, а во семејството на вицепремиерот Анѓушев, паричката се паднала во делот наменет за Бога.