Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на овогодишниот Бадник на Водно

33

Во рамки на годинешната прослава на Бадник, во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно денеска напладне ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2025 година, со симболично сечење на бадникови гранчиња.

Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави новиот кум Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров за Бадник 2025, соопштувајќи на тој начин, како што најавуваат, дека се е подготвено за централната прослава на 6-ти јануари на платото пред Соборниот Храм.