Традиционална мајска колективна венчавка: Годинава 16 младенци го кажаа судбоносното „да“ во Белград

83

Во Белград се одржа традиционалната мајска Колективна венчавка. Оваа манифестација првпат е одржана во 1999 за време на НАТО бомбардирањето, а оттогаш се одржува секоја година, пренесува „Н1“. Била осмислена како своевидна порака за љубов и пријателство, охрабрување на младите дека љубовта може да ги победи омразата и бомбите.

Годинава шеснаесет младенци го кажаа судбоносното „да“, а церемонијата се одржа на „Плоштадот на Републиката“. На венчавката на двојките, покрај нивните семејства, присуствуваа и оние брачни двојки кои се венчале на тој начин во изминатите 25 години.

Поворката на младенците се движеше од хотелот „Балкан“ до „Плоштадот на Републиката“.