Утре, со почеток во 9 часот, во населеното место Ајватовци, во Општина Илинден по седми пат ќе се одржи традиционалниот „Саем на домашно вино“.
Ќе учествуваат повеќемина винопроизводители од општина Илинден, по што ќе биде извршен избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин.
Изборот ќе го извршат членовите на „Вински витези“ од Македонија – здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура.
Саемот на виното се одржува во рамките на одбележувањето на големиот верски празник Свети Трифун и празникот на лозарите.