Трагична смрт на сурферка, ја удри гром за време на тренинг

156

Голема трагедија се случи во Ел Салвадор, откако сурферката Кетрин Дијаз (22) ја погоди гром на плажата „Ел Тунко“, а потоа почина како резултат на ударот.

Сè се случило набргу откако влегла во водата. Ја удрил гром, а иако брзата помош пристигнала брзо, сепак Кетрин починала на плажата.

Кетрин се подготвувала за Светските игри во сурфање во Ел Салвадор. Ова натпреварување (29.05 – 6.06) беше воедно квалификации за Олимписките игри. Сурфањето ќе дебитира во Токио како нов спорт на Игрите.

  • Големата спортистка, која ја претставуваше нашата земја, нè напушти. Се гледаме наскоро, голем воину. Жали Ел Салвадор, напиша Федерацијата за сурфање на Ел Салвадор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATHERINE DIAZ (@katherinecook7)