Семејството на пејачот: Дозволете ни во овие тешки мигови достоинствено да го зачуваме споменот на Шабан

142

Во сообраќајна несреќа во Германија, трагично загина еден од најпопуларните пејачи на народна музика на Балканот Шабан Шаулиќ. Веста ја потврдија и сите медиуми.Според сознанијата несреќата се случила до градот Билефелд, во северозападниот дел на Германија. Шабан со автомобилот тргнал кон аеродромот од каде што требало да полета за Србија. По пат во неговиот автомобил се зачукал друг автомобил со кој управувал пијан германски возач.

Автомобилот во кој бил и Шаулиќ е тотално сплескан, а освен Шабан, внатре биле неговиот кум Бобан, кому му се скршени три ребра, и музичарот Мирсад Кериќ, кој е во тешка здравствена состојба.

Во очај се сите, неговото потесно и пошироко семејство, сопругата Гордана, децата, внуците, ќерката Илда која е исто пејачка, роднините, пријателите и армија обожаватели на Шаулиќ кои се во голем број и кај нас во Македонија. Датумот на погребот ќе биде дополнително соопштен.

Неговото семејство штотуку испрати и официјално соопштение во кое меѓу другото се вели дека престана да чука едно големо срце, дека не напуштил сопругот, татко, дедо, кум, пријател…”Ја замолуваме јавноста да ни дозволи во овие тешки мигови достоинствено да го зачуваме споменот на Шабан”. /foto:Blic, Espreso, Kurir, Internet,FB,Twiter/