Жена од Јута и нејзините три деца беа пронајдени мртви во автомобил во, како што веруваат властите во округот Вебер, станува збор за тројно убиство-самоубиство.
Марибељ Ибара (32) ги убила своите деца на возраст од четири, две и една година, а потоа се застрелала, изјави полицискиот поручник Теранс Лавли.
Инспекторите дошле до овој заклучок врз основа на видео снимки, физички докази, очевидци и разговори со членови на семејството, пренесе АП, додавајќи дека во возилото бил пронајден пиштол.
Истрагата ќе се обиде да утврди што довело до пукањето.
Членовите на семејството на Ибара испратија писмено соопштение до новинарите и рекоа дека „страдаат длабоко“ поради загубата на детските животи, што ја нарекоа „смислата на животот“.
“Како семејство, за жал, не знаевме ништо за нејзиното ментално здравје. Секогаш ја гледавме како грижлива мајка, што уште повеќе не шокира. Оваа болка е нешто што не сакаме никој да го доживее”, се вели во соопштението. .
Соседот на Ибара, Дарен Кинг, изјави за ТВ КСЛ дека Марибељ неодамна се вратила во куќата на нејзиниот татко, чија сопруга почина летово.
„Откако ја загуби сопругата со која беше 50 години, сега ги загуби и ќерката и внуците. Неговите внуци беа неговиот живот“, рече Кинг.