Трагичен инцидент во Италија: Откако се скарал со девојката, 23-годишен младич се полеал со канистер бензин и се самозапалил во бањата

197
Младич на возраст од 23 години се здобил со изгореници опасни по живот откако се самозапалил по расправија со својата девојка, известија денеска италијанските медиуми.
Трагедијата се случила во Рим, по што младичот е превезен во болницата Сан Еуџенио со изгореници по целата предна страна на телото, пренесе Месаџеро.
Според првичните резултати од истрагата, тој по караница со девојката се заклучил во бањата и се полеал со канистер со бензин.
Неговата девојка повикала помош, по што полицијата и пожарникарите набрзо пристигнале на местото на инцидентот.