На божиќниот пазар во близина на градското собрание веднаш пристигнале возила на брзата помош, покажуваат снимките на социјалните мрежи.
Полицијата во Магдебург на платформата Х изјави дека интензивните полициски операции се во тек на божиќниот пазар во Магдебург.
„Божиќниот пазар во центарот на градот е затворен. Наскоро очекувајте нови информации“, соопшти полицијата, пренесува Танјуг.
Според информации на Билд, полицијата го пребарува заграденото подржчје на божиќниот пазар во потрага по експлозив.
Магдебург, кој се наоѓа западно од Берлин, има околу 240.000 жители.