Трагедија на плажа во Грција: Девојче настрада од гром, починала на лице место

3106

Во петокот попладне во грчкиот регион Халкидики, 13-годишно девојче настрадало кога го удрил гром додека ја напуштала плажата. Трагедијата се случила околу 16:30 часот на песочната плажа Посеиди во градот Касандра, пренесуваат локалните медиуми.

Тинејџерката била во морето со семејството кога започнало невремето. Тие веднаш се упатиле кон автомобилот, но не стигнале навреме. Попатно ги удрил гром, кој го усмртил девојчето на лице место. Спасувачите се обиделе да ја интубираат, но не успеале да ја оживеат, пренесува грчката Прототема. Другите членови на семејството се избезумени од трагедијата, но физички се во ред.

Полицијата го истражува инцидентот.

“Трагедијата се случи од никаде во среќен момент за семејството. Врнешло, веќе се подготвувале да ја напуштат плажата. Нејзината мајка вели дека девојчето било ангел, одличен ученик и спортист. Родителите се во шок, детето пред малку се шетало на плажа… ова е трагедија“, изјави градоначалничката Анастасија Чалкија.