ТРАГЕДИЈА: Момче од Свети Николе загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

516

Младо момче од Свети Николе вчеравечер го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје. Несреќата, во која загина 24-годишниот возач, била пријавена во тетовската полиција околу 20:30 часот.

– Во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје патничко возило ‘голф’ со регистерски таблици од Свети Николе, управувано од В.З. (24) од Свети Николе, излетало од коловозот. Возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Тетово – информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

На местото на несреќата увид врши екипа од СВР Тетово, а по наредба на јавен обвинител, телото на 24-годишникот ќе биде дадено на обдукција.