Најмалку десет луѓе ги загубија животите во пожар што избувна во дом за стари лица во источен Уругвај, соопштија локалните власти.
Причината за пожарот што се случи во Треинта и Трес сѐ уште не е позната, објави Ројтерс.
Локалната власт во овој град со 25.000 жители, на 250 километри од главниот град Монтевидео, прогласи тридневна жалост.