Најмалку 11 лица загинаа, а најмалку 30 се повредени кога камион натоварен со авокадо удрил во група луѓе кои излегувале од бар во градот Бастидас, Порторико, соопштија локалните власти.
Повеќето од загинатите се мажи, а меѓу жртвите има 20-годишна жена и тинејџер, пренесува Listin diario.
Засега не се знае дали меѓу жртвите е и возачот на камионот, а повеќето од повредените се префрлени на лекување во Сан Хуан.