Трагедија во Грција: Македонска државјанка загина, а уште три се повредени во сообраќајна несреќа во северниот дел од земјата

226

Македонска државјанка загина, а уште три се потврдени, од кои една е хоспитализирана во солунска болница во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Егнатиа во правец кон Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Извори на МИА ги потврдуваат натписите во грчките медиуми дека во сообраќајната несреќа учествувало возило од Северна Македонија, а загинатото лице е македонска државјанка.

Според истите извори, возилото се движело по автопатот Егнатиа накај Солун, а тргнало од Битола.

За извлекување на три лица од автомобилот, од Противпожарната служба на Грција интервенирале со пет пожарникари и две возила, а повредените биле преземени од возило на брзата помош.

Поради сообраќајната несреќа околу еден час беше затворен делот од автопатот кон Солун, каде што се случи несреќата, а причините засега се непознати.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, ДКП на Северна Македонија во Грција се во комуникација со семејствата за пружање на секаков вид помош.