„Тој човек навистина има м*диња!“

387
epa10056748 FC Barcelona's President Joan Laporta reacts during the presentation of the Danish defender Andreas Bodtker Christensen (not pictured) as new player of the FC Barcelona at Sant Joan Despi Sports Center of Barcelona, Catalonia, Spain, 07 July 2022. EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Барселона моментално заостанува осум бода зад Реал (М) па многумина со право во Каталонија се песимисти и губат надеж дека клубот може да ја одбрани титулата. Ситуацијата за Барса не е лесна, има уште неколку тешки гостувања, но одговорот на Лапорта на прашање со насмевка од уво до уво го менува расположението на навивачите.

Иако Чави претходно најави заминување на крајот од сезоната, сега се шпекулира дека би можел да се премисли и да остане до крајот на следната сезона, до кога му вреди актуелниот договор, бидејќи играта на каталонскиот тим во последно време е подобрена, што може може да се види на неодамнешниот натпревар против Гетафе (4:0), но и на гостувањето кај Наполи (1:1) во Лигата на шампиони.

Оптимист за иднината е и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. На конгресот за иднината на спортот што се одржа во главниот град на Каталонија, Лапорта беше прашан „дали има шанси Барса да ја одбрани титулата?“.

Постои. Нормално дека постои, одговори со насмевка првиот човек на Барселона кој не сака да подигне бело знаме и кој е убеден дека неговиот тим во преостанатите 12 кола може да го анулира минусот од осум бода.

Навивачите на Барселона му покажаа почит на Лапорта за оваа изјава и повеќето од нив на социјалните мрежи тврдат дека „тој човек навистина има м*диња!“.