Тој е злобен човек, испрати полиција да ја тепа мојата сопруга

210

Најдобриот фудбалер во дресот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи, Виктор Осимен, е обвинет и тоа од деверот Осита Около дека испратил полиција за да ја претепаат неговата сопруга.

Около го искористи својот твитер профил и го обвини репрезентативецот на Нигерија дека ја малтретирал сопствената сестра. Наводно, меѓу нив дошло до раздор поради нерасчистени финансиски сметки кога Осимен од Лил се преселил во Наполи. Неофицијално, Около, очекува околу 400.000 евра од слваниот фудбалер.

-Ти си злобен, Виктор Осимен. Се што барав беше да ми ја платиш провизијата што ја заслужив. Наместо тоа, испрати полиција да ја тепа и малтретира мојата сопруга и твојата сестра кој заврши на улиците во Нигерија. Ќе платиш за ова, напиша Около на својот твитер профил.

Тој сподели и видео од моментот кога полицијата дошла во неговиот дом и ја нападнала неговата сопруга.

Напаѓачот на Наполи веќе со недели е во центарот на фудбалското внимание. Прво беше актуелен поради конфликтот со раководните лица на Наполи поради непримерните видео-клипови кои беа објавени на ТикТок профилот на италијанскиот клуб, а потоа и поради информацијата дека не сака да ја продолжи соработката со „азурите“ односно дека сака да си замине од Наполи на крајот од актуелната сезона.