EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, смета дека условите за Големата награда на Австралија му помогнале на неговиот тим да го освои првиот подиум во тековната сезона во Формула 1.

На патеката „Алберт парк“, седумкратниот шампион Луис Хамилтон успеа да заврши на второто место, што е прв подиум на Мерцедес во оваа сезона.

  • Инженерите успеаја да ги најдат вистинските поставки, што импресионираше многумина. Се верува дека на патеката за ГН на Австралија има многу тенка линија меѓу вистинските поставки и погрешните. Патеката и асфалтот ни помогнаа. Изгледавме подобро отколку што, всушност, сме – објасни Волф.