Торонто не се предава (ВИДЕО)

128

Кошаркарите на Торонто израмнија на 2-2 против Милвоки во финалето во Источната конференција, откако го добија четвртиот меч од серијата со 120:102. „Репторси“ го одбранија домашниот терен и ја вратија серијата во Висконсин, а петтиот меч се игра в петок од 2.30 часот.

Освен во првата четвртина во која Милвоки ја имаа предноста, во останатиот дел од мечот домашните кошаркари го контролираа резултатот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кајл Лаури со 25 поени, Норман Пауел постигна 18 коша, Каваи Ленард еден помалку, додека на спротивната страна Крис Мидлтон запиша 30 поени.