Кошаркарите на Торонто ја запиша првата победа во финалната серија од Источната конференција, откако по две продолженија славеа на домашен терен во дуелот против Милвоки со 118:112 и со тоа ја намали предноста на 2-1 во победи.

Најефикасен во победничкиот тим беше Каваи Ленард со 35 поени, додека Паскал Сиакам запиша 25 коша. На спротивната страна Јанис Адетокумбо забележа 16 коша, а имаше и неверојатни 23 скока, додека најефикасни беа играчите од клупата, Џорџ Хил со 24 и Маклом Брогдон со 20 поени.

По два дена ќе се одигра и четвртиот натпревар, повторно во Онтарио.