Торнадо во Италија и Словенија, предупредување за невреме и во Хрватска/ВИДЕО

832
Фото:пекселс

Нова суперклеточна бура денеска го погоди италијанскиот регион Венето, а потоа падна и врз Словенија, а граѓаните на социјалните мрежи споделија видеа на кои се гледа торнадо во двете земји. Во Хрватска е издадено предупредување за силни грмотевици кои можат да предизвикаат големи штети и поројни поплави.

Во Италија, во близина на Јесоло, мало гратче во регионот Венето, е забележана нова суперклеточна бура која резултираше со формирање на торнадо.

Како што пренесуваат локалните медиуми, помалата бура станала посилна и напредувала, а во еден момент прераснала во суперклеточна бура. После тоа, беше формиран мезоциклон, структура која може да се трансформира во торнадо кога ротира, објави Инметео.

Тоа се случило бидејќи покрај брегот помеѓу градовите Језола и Кавалина настанало торнадо, а екипите од терен известиле дека нема повредени и нема материјална штета.

Само неколку часа подоцна, околу 18 часот, невремето ја зафати Словенија. Додека во еден дел од оваа земја врнеше град, пропратен со силен ветер, торнадо се формираше и во Илирска Бистрица, чија снимка ја споделија корисниците на социјалните мрежи.

Вториот фронт на бура од запад влезе во Словенија од Италија и се движи по нејзиниот северозападен дел.

Во Шмарје кај Јелшај, гратче меѓу Целје и границата со Хрватска, паднал град.

Хрватскиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за два хрватски региони Загреб и Карловац поради можна појава на грмежи со пороен дожд.