Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона откри дека крилниот напаѓач, Феран Торес, не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и затоа ја разгледува и опцијата да си замине од „Ноу Камп“ за време на зимскиот преоден рок. Репрезентативецот на Шпанија една година го носи дресот на Барса, а статусот на стандарден првотимец го загуби поради ангажманот на полскиот интернационалец Роберт Левандовски.